fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема право, ниту ќе има можност да го укине екстерното тестирање

-

СДСМ се обидува да зборува на тема образование, само да не спомене ни збор за прифаќањето на тиранската платформа, а кога имаше можност да направи нешто за образованието, зад себе остави хаос и една голема катастрофа, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Петар Атанасов од СДСМ.

„Во време кога земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побргу ќе направи некаква иновација, СДСМ има брилијантна идеја – натпреварот кај нас да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште, што всушност подразбира бркање на илјадници наставници и професори од своите работни места. Дополнително, на СДСМ му пречи објективното оценување во училиштата. Екстерното тестирање го наруши комодитетот на нивните олигарси, кои во минатото, преку притисоци и закани кон наставниците им го завршуваа образованието на своите деца, без минимални знаења и познавања на областите кои ги изучуваа. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на тие лоши вредности од транзицијата. Токму затоа ја променивме таквата состојба и нема да дозволиме земјата да се врати стотици чекори назад“, се вели во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ нема право, ниту ќе има можност да укинува, намалува или урива веќе реализирани проекти кои, како што велат од партијата, обезбедиле бенефиции за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...