fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема фатено дрога не затоа што ја нема, туку зашто е во коалиција со криминалот

-

МВР под водство на СДС и на неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога, не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот, обвини Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска.

Тој додаде дека приоритет за СДСМ и за Оливер Спасовски било да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално воделе истраги за нарко-дилерите што одработувале за Заев на минатите избори.

– За неполни три месеци од доаѓањето на власт, СДС направи целосен хаос и партизација во министерството за внатрешни работи. За неполни три месеци Оливер Спасовски подели 500 решенија, унапредувајќи партиски послушници по четири-пет скалила, што е спротивно на системот на кариера и на Законот за внатрешни работи. Сведоци сме дека и во минатото, кога СДС беше на власт, наместо структурни реформи во полицијата и унапредување на ефикасноста на министерството, наместо откривање и неутрализирање на криминални групи, се случуваше токму спротивното – изјави Павлоски.

Тој додаде СДСМ ја препушта безбедноста на граѓаните во раце на неспособни и на непрофесионални кадри, кои имаат цел да го штитат криминалот на луѓето блиски до врвот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...