fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наредува напади и се заканува на новинари што не ги контролира

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини СДСМ дека „криминалци“ од редовите на оваа партија наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари што не се под контрола на СДСМ и на Сорос.

„Нападната беше новинарката на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на „Република“, а беа демолирани и просториите на „Радио Слободна Македонија“. На редакцијата на „Курир“, активисти на СДСМ се закануваа со смрт со влечкање по улици. Зоран Заев, неколку медиуми кои не ги спроведуваат неговите наредби ги нарече свој најголем политички непријател и ги изложи на јавен линч“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ниту Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ниту „Соросовите невладини“ не реагирале кога беа напаѓани физички и кога имало закани кон новинари кои „не ги исполнуваат нарачките на Бихаќка“.

„Поради ваквото агресивно однесување против фактите и вистината, резултатот на СДСМ во изминатите 10 изборни циклуси е пораз со 10 – 0 од граѓаните на Република Македонија. Народот не сака криминалци и медиуми кои штитат криминалци“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...