fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже дека нашата партија стои зад одлуките на Уставен суд

-

ВМРО-ДПМНЕ стои зад измените во Законот за помилување што беа усвоени во 2009 година, а со кои е предвидено да не може да има помилување за одредени категории осуденици, како тие на кои им е одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, но не стои  зад одлуките на Уставниот суд, се вели во соопштението на владејачката партија.

„СДСМ во 2009 година, кога се гласаа измените во Законот за помилување, беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот. СДСМ тогаш дури и ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на Законот што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ. Остануваме на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболиран од Бранко Црвенковски. СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стоела зад одлуките на Уставен суд“, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука затоа што Специјалното јавно обвинителство го побарало и предметот за педофилија, кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...