fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се душмани на новинарството и на граѓанскиот сектор

-

„СДСМ и Сорос се најголемите душмани на независното новинарство и на граѓанските иницијативи во Република Македонија. Тие преку истурање грантови, системски ги корумпираат новинарите и медиумите кои без приговори ги извршуваат задачите што им се даваат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Сорос се гробари на т.н. граѓански сектор, создавајќи мрежа на марионетски невладини организации кои се слепи послушници на наредбите што ги добиваат за креирање тензии и за зголемување на влијанието на Сорос во државата. Оваа идентична шема на дејствување Сорос ја практикува насекаде низ светот. Граѓаните може со свои очи да ги видат тие што протестираат деновиве против Доналд Трамп во САД извикувајќи „Нема правда, нема мир“. Шемата е иста и е добро прочитана од сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во Македонија Сорос и СДСМ преку „Шарената револуција“ направиле штета од стотици илјади евра, повредиле повеќе од 50 полицајци, демолирале државни институции и уништиле споменици на културата и на македонскиот народ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ и Сорос се срам и елементарна непогода за Република Македонија, а дека народот одлучил да почне процесот на „десоросоизација“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...