fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги осуди и да се дистанцира од ставовите на Шиндре

-

СДСМ молчи, не ги осудува и не се дистанцира од ставовите на Никола Шиндре искажани преку колумна која наиде на поддршка кај голем број учесници на „Шарената револуција“ и поддржувачи на СДСМ, преку која се повикува на омекнување на законските санкции за педофилијата и се релативизира истата како наводен нагон, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку нивното утринско соопштение до медиуми.

„Одобрувањето и молчењето за ваква тема, значи прифаќање на ставовите на Шиндре. Општество кое сака добра иднина и здрави генерации, мора да ги осуди ваквите и слични ставови со кои се загрозува безбедноста и животот на децата. Токму затоа СДС и сите други политички чинители не смеат да го премолчат овој настан. Тој треба да биде осуден од сите за во иднина никој да не се осмели да релативизира кривично дело со кое се уништува животот на неговите жртви. Неосудувањето на ставовите за поддршка за педофилијата од СДС значи прифаќање на ваквите ставови. Одговорноста на СДС како партија што ја води Владата на Република Македонија е уште поголема, бидејќи неосудувањето ќе значи официјално одобрување“, велат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...