fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДС остави повеќе од 200.000 луѓе без работа и затвори 684 фабрики

-

„СДС е најголемата штета што некогаш и се случила и може да и се случи на македонската економија, СДС во текот на своето управување со македонската економија покажа како не треба да се води една национална економија,“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека „СДС остави повеќе од 200.000 луѓе без работа, затвори 684 фабрики, празни рафтови по продавниците и недостаток на производи.“

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со своите квалитетни економски мерки успеа да отвори над 170.000 нови работни места со што невработеноста од некогашните 38 проценти во времето на СДС ја симна на 23,1 проценти. Квалитетната економска политика, која ја водеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатиов период ја рангираше државата во десетте најдобри економии во светот, а меѓу петте најдобри во Европа, според извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...