fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе биде запаметен како главен виновник за случувањата во Собранието

-

„СДС е најодговорен за тоа што се случи во собраниската сала. СДС спроведе политичко насилство со газењето на Уставот, законите и на деловникот. Тоа е директно газење на државата и на нејзиниот правен поредок“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„Политичкото насилство што го направи СДС на крајот резултира со физичко насилство. Незаконскиот обид од страна на СДС да си го самопрогласат Талат Џафери за парапретседател на Собранието беше провокација кон македонскиот народ. Нема оправдување за ниедно насилство, но СДС ќе биде запаметен во историјата како главен виновник за немилите случувања во Собранието на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ мора да сфати дека народот си ја сака земјата и нема да дозволи нејзино разнебитување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...