fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е црната чума во поглед на невработеноста

-

„СДС е црната чума која ѝ се случи на Македонија во поглед на невработеноста. Во времето на СДС, таа изнесуваше енормни 38 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ со посветена работа и со ефикасна економска политика успеа да ја намали на историски најниски 23,1 отсто“, порача опозициската партија во своето редовно утринско соопштение, во кое прави споредби за повеќе сфери во текот на владеењето на СДСМ и во текот на нејзиното владеење со државата.

ВМРО-ДПМНЕ вели оти се сомнева дека СДСМ ќе може да ги повтори нејзините успеси.

„ВМРО-ДПМНЕ остави цврсто трасиран пат кон ЕУ и кон НАТО, здрава економија, со добра основа за пораст и развој, пат кој оваа некадарна гарнитура на СДС тешко ќе може да го следи“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...