fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Сашо Сенков со месеци беше во притвор само поради политичка одмазда

-

Сашо Сенков ни крив ни должен со месеци беше во притвор само заради политичка одмазда на СДСМ кон сите кои мислат поинаку, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со обвинетиот за убиство на пратеникот Зијадин Села откако вчера Обвинителството го повлече обвинението против него.

Од опозициската партија додаваат дека на Сашо Сенков му биле погазени сите права и без никаква основа и докази бил политички обвинет од страна на клиентелистичкото обвинителство на СДСМ.

„Зоран Заев и неговите послушници не ги интересираше ниту здравствената состојба, ниту семејството на Сенков. Ги интересираше само спроведувањето на наредбата за одмазда. Одговорност за ваквото однесување мора да има и ќе има. Сенков е само една од жртвите на политичкиот прогон на државата заробена од криминалниот картел“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат и на случајот со Александар Јанески – Тошта кој вчера на носилка беше изнесен од судница.

„Судот не го интересира ниту неговото здравје, ниту фактите на одбраната. Веќе една година живееме во целосно заробена држава. Станавме држава во која Зоран Заев иако флагрантно е фатен во кривично дело е ослободен само затоа што е премиер, а во исто време неговите политички противници се осудуваат без докази, само затоа што размислуваат различно од Зоран Заев“, се наведува во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...