fbpx

ВМРО-ДПМНЕ рекордер со 1,88 милиони евра собрани донации во 2016 година

-

Рекордер меѓу политичките партии по собрани донации од 1 јануари до 31 декември 2016 година е ВМРО-ДПМНЕ, со собрани вкупно 1,88 милиони евра членарини и донации од поединци и од фирми, се гледа од извештаите што вчера ги објави Државниот завод за ревизија.

Од вкупно регистрирани 5.880 уплаќачи, партијата собрала 115,55 милиони денари, односно 1,878 милиони евра. Уплаќале партиски функционери, функционери во државни институции и пратеници, а на листата се и Борис Дамовски, еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија, кој уплатил 91.000 денари, како и аналитичарите Александар Пандов со 30.000 денари и Александар Даштевски со 13.000 денари.

На сметката на СДСМ во 2016 година уплатиле 698 донатори, главно поединци, но и фирми, во форма на попусти на услуги.

Партијата Беса имала 110 донатори, од кои најмногу пари дал лидерот Билал Касами, 4.500 евра.

За ДУИ во 2016 членарина платиле или донирале 74 физички лица, но и фирми, меѓу кои и „Конти хидропласт“ (300.000 денари) и „Европа 92“ (577.750 денари). Од двете фирми плус од Илир Хасани, стасале 17.200 евра, од Министерството за правда стасале вкупно 178.000 евра, а од членарини партијата добила 31.740 евра.

За НСДП пари стасале само од Министерството за правда, и тоа 1.513.163 денари, односно 24.600 евра.

Демократски сојуз на Павле Трајанов лани имал 177 донатори или вкупно на сметката на оваа партија се слеале 788.338 денари.

Во Либералната партија донирале само двајца – поранешниот и сегашниот претседател на партијата. Стојан Андов дал 36.000 денари, а Ивон Величковски 215.000 денари.

Во ГРОМ на Стевчо Јакимовски се уплатени 98.230 денари. Во Левица донирале 35 лица, а во ЛДП – 12 донатори или 2.863.000 денари.

Другите десетина партии го известиле Државниот ревизор дека немале донации во 2016 година. Најавтентично тоа го сторил лидерот на Титови леви сили, Слободан Угриновски, кој на лист хартија со пенкало напишал и ги известил ревизорите дека ни денар не е уплатено на партиската сметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...