This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Thu Jul 19 13:11:19 2018 / +0000 GMT

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата помеѓу Трајановски и Шилегов е повеќе од очигледна




На скопјани ќе им биде лесно да одлучат за кого ќе гласаат на локалните избори, бидејќи разликата во квалитетот помеѓу Коце Трајановски и Петре Шилегов е повеќе од очигледна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- На граѓаните на Скопје им е потребен стабилен, вреден и чесен градски татко, а не градска пијандура. Петре Шилегов е човекот кој на Скопје може да му понуди само едно големо ништо, што е впрочем опус на целиот негов политички век досега. Петре Шилегов е свесен дека неговата партија, на чело со неспособниот Зоран Заев, е во тежок ендек, дека пропаѓаат, свесни се дека им доаѓа крајот и затоа ги лажат граѓаните на градот Скопје - изјави денеска Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.
Post date: 2017-09-06 21:25:29
Post date GMT: 2017-09-06 19:25:29
Post modified date: 2017-09-07 08:10:13
Post modified date GMT: 2017-09-07 06:10:13
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com