!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ВМРО-ДПМНЕ: Програмите што ги нудиме се најдобрите на овие избори


       
Скопје, 17 септември, 2017 - 11:38 (META) 

ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе понуди конкретни и опсежни програми кои ќе бидат одговор на реалните потреби на граѓаните, велат од опозициската партија.

„Граѓаните ќе ја видат и ќе ја воочат разликата меѓу фер и издржана понуда и лаги и манипулации. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се одговорни, вредни и докажани како врвни професионалци во своите професии. Актуелните градоначалници кои се кандидирани повторно зад себе имаат реализирано многу проекти во корист на сите граѓани. Кандидатите што се промовираат првпат се успешни и угледни граѓани почитувани во своите места. Програмите што се нудат се најдобрите кои се понудени на овие избори, со издржани и конкретни проекти. Локалниот економски развој е приоритет во програмите на сите кандидати“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на локалните избори на 15 октомври граѓаните ќе ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги „казнат политиките на СДС кои се покажаа како погубни за Македонија“.