fbpx

ВМРО-ДПМНЕ предлага лидерска средба, компромис, па нови избори?

-

На 17. продолжение на конститутивната седница на Собранието денеска, првпат, имаше и повик од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ да се организира лидерска средба за да се решат сите прашања и да се постигне компромис, а потоа да се организираат нови избори.

Повторувајќи ги обвинувањата што многупати досега беа чуени, пратеникот Крсто Мукоски, во реплика на својата колешка Благица Ласовска, рече дека излезот треба да биде – лидерска средба.

– Почитувани колеги, се уриваат рекорди по број на денови и по бројност при изразување незадоволство од платформата со која е уценет СДСМ. Сакам да  упатам апел за разум, за одржување лидерска средба, за сите лидери да седнат на маса и да решат за доброто на државата, да се отворат сите прашања и да се решаваат со компромис и да се постигне компромис, а потоа да се одржат нови избори за граѓаните да решат – рече Мукоски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, на прашањето на „Мета“ дали повикот на Мукоски е и став на партијата, се огради од изјавата, велејќи дека не ја слушнал, а потоа нагласи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е да се распишат предвремени избори, но дека тоа СДСМ и Зоран Заев тоа го одбиваат, „барајќи спас од кривична одговорност“.

Повеќе од 20 пати на говорницата се појави пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, која упати многу напади, а ѝ реплицираа нејзини колеги. Освен Крсто Мукоски, Ласовска и Зоран Илиоски, сите други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги читаа своите реплики и контрареплики, честопати правејќи грешки.

Единствен што ѝ реплицираше на Ласовска, а не е од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, беше Весел Мемеди од Алијанса за Албанците, кој рече дека „со упорно повторување за предавство, создаваат опасен психолошки механизам кај народот, кој ќе се отргне од контрола и ќе направи проблеми“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...