fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Помала е штетата на Заев да му се удоволи власт, од цената што ќе ја платат граѓаните

-

„Аболираниот Зоран Заев би го продал и најмилото и највредното само за да се дограби до власт. Тој не чувствува ни грам одговорност кон заштита на државните и националните интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека „тој одлучил да става на маса и да продава нешто што не е негово“.

– Одлучи да ја продава и да ја редефинира Македонија. Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека „Заев го прифаќа сè ова само за да се дограби до власт без поддршка од народот“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „помала е штетата е да му се удоволи патолошката желба на Заев за власт, отколку граѓаните на долг рок да ја плаќаат цената“.

– ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира понудата до Заев да се откаже и да ја отфрли платформата од Тирана и антидржавните проекти, а за сметка на тоа ќе ја добие поддршката во Собранието – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...