fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на СДСМ е „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево на две одделени прес-конференции реагираше на назначувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за потпретседател на СДСМ и на укинувањето на дисперзираните студии од страна на Владата.

– СДС продолжува со лицемерната политика, која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“. Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата. Оливер Спасовски, наместо да се повлече од партиските функции и професионално да ја врши функцијата министер за внатрешни работи, тој е назначен за потпретседател на партијата. Граѓаните помнат дека во текот на претходните изборни циклуси, СДС го проблематизираше тоа што Гордана Јанкулоска во исто време била и министер за внатрешни работи и партиски функционер, бидејќи не се знаело „што е партија, а што држава“ – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, додавајќи дека ова е само продолжение на обидите на СДСМ „целосно да ги стават под партиска контрола органите на прогонот“.

На втората прес-конференција, Лука Кржалоски повторно обвини дека Владата на СДСМ не е реформска, туку антиреформска, истакнувајќи дека со укинувањето на дисперзираните студии се нанесува огромна штета на образовниот процес и се ускратуваат бенифициите што им биле достапни на студентите во изминатите 10 години.

– Оваа мерка им овозможуваше на студентите да заштедат средства врз основа на патување, сместување и исхрана, но и да заштедат средства по однос на уписнина. Студирањето на дисперзираните студии каде предаваат истите професори и се учи по истите наставни програми, материјали и учебници од кои се учи и на матичните високо-образовни установи од каде се изведени, чини само 100 евра годишно… Единствената причина поради која е укината ваквата мерка е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ за обезбедување што поголема достапност на високото образование за сите граѓани – рече Кржаловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...