fbpx

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил соопшти дека поднеле интерпелација за, како што наведува, „најнеуспешниот министер за надворешни работи Никола Димитров“.

„Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива“, пишува Мицкоски.

Тој додава дека во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се зборува за фактите кои, како што вели, ќе го разобличат неговото делување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...