fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Патната инфраструктура беше на најлошо ниво во времето на СДСМ

-

„Додека СДСМ беше на власт, не се вложи ниту денар во обнова на патната инфраструктура, додека во регионот се случуваше инвестициски бум. Наеместо тоа, како резултат на криминалните зделки, оставија целосно уништена патна мрежа од која граѓаните најмногу трпеа“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ, на која претседателот на комисија за транспорт и врски, Благој Бочварски, обвини дека Македонија најмалку инвестира во патишта од земјите во регионот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „доказ за тоа е незавршениот автопат кон Прилеп, за кој Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните, но автопатот никогаш не се направи бидејќи, како што велат од владејачката партија, парите легнаа во партиски џебови.

– Поради криминалните политики на СДСМ, патната инфраструктура во Македонија беше на најлошо ниво. Владата предоведена од ВМРО-ДПМНЕ влезе во еден историски циклус на изградба и на реконструкција на патната инфраструктура, инвестирајќи повеќе од една милијарда евра – се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...