fbpx

ВМРО-ДПМНЕ отсега со една пратеничка група, ќе ја води Никола Мицевски

-

На вчерашната седница Извршниот Комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука наместо преку 10-те пратенички групи, пратениците да дејствуваат преку една група, чиј координатор ќе биде Никола Мицевски, информираат од партијата.

Тоа бил предлог на Драган Данев, кој пред неколку дена се повлече од функцијата координатор.

„Смената на координаторот на пратеничката група не е во врска со актуелните случувања во и околу партијата, туку е исклучиво заради натамошното поефикасно делување на пратеничката група“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашниот состанок на ИК биле констатирани оставките на Даниела Рангелова и на Лука Кржалоски од позициите претседател на Унијата на жени (УЖ) односно Унијата на млади сили (УМС), и била донесена одлука да почне процедура за избор на нови имиња на овие позиции. До изборот на новите претседатели, в.д претседател на УМС ќе биде Јован Јаулески, а на УЖ, Благица Ласовска.

„Во однос на актуелната политичка состојба, беше констатирано дека без оглед на сите закани, уцени и притисоци, партијата продолжува на истиот курс во заштита на највисоките државни и национални интереси. Партиските акти изгласани на валандовскиот и кумановскиот конгрес и изборната програма на која што членовите, активистите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија дадоа поддршка за неменување на Уставот со цел промена на уставното име и натаму остануваат основен приоритет во натамошното делување“, стои во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...