fbpx

ВМРО-ДПМНЕ од донации инкасирале 1,48 милиони евра

-

ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година добила донации во вредност од 91.164.035 денари или 1,48 милиони евра, од 3.675 донатори, покажа извештајот на Државниот завод за ревизија, објавен денеска.

Најголемата опозициска партија СДСМ, не доставила колкава е вкупната вредност на донации, туку е наведена само бројката од 473 донатори и колку секој од нив донирал поединечно.

ДУИ имале 525 илјади евра приходи, од кои 202 илјади евра се од донации, 35 илјади евра од членарина, 255 евра приходи од камати и 288 илјади евра приходи од „министерство“.

ДПА, пак, во нивниот извештај навеле дека лани немале никакви донации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...