fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Обврските што не се доспеани за наплата, Владата ги прикажува како долг

-

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, недозволиво се обидува недоспеани обврски на државата да ги брои во долгови, само за да манипулира со бројките и да му удоволува на својот лидер и на партиските интереси, изјави на прес-конференција Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека Зоран Заев од ракав кажувал бројка дека централната власт има скриен долг од една милијарда евра, а Тевдовски потоа брзал да го оправда, ставајќи нереални бројки, броејќи долгови на општини.

– Сакајќи да ја оправдаат лагата на Зоран Заев, дека владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила наводен скриен долг од една милијарда евра, излегоа на брзоплета прес-конференција во која ставиле сè на куп, и долгови на единици на локални самоуправи, локални јавни претпријатија и слично. Патем, за скандалот да биде уште поголем, тие во оваа манипулација користат и обврски кои сè уште не се доспеани за наплата – изјави Затуроска.

Таа додаде дека министерот за финансии предложил ребаланс на буџет со кој се кратат сериозни ставки и проекти од областа на образованието и на земјоделството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...