fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да ги разгледа доказите за тендерите во „Струмица гас“

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика Јавното обвинителство да не подлегнува на притисоци од СДСМ и да ги разгледа доказите за тендерите во Јавното претпријатие „Струмица гас“ согласно законот.

„Предметот веќе е во рацете на Јавното обвинителство кое не смее да подлегнува на политичките притисоци од СДСМ. Доставените докази треба да бидат разгледани согласно законот. Секој што крадел мора да одговара. Криење за Заев и неговите пајташи веќе нема“, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата тврдат дека само со последниот тендер од 2016 година наводно била направена штета од 700.000 евра.

„Јавноста дозна за тендерите на јавното претпријатие ‘Струмица гас’ со кои Зоран Заев го полнеше со пари неговиот сопартиец Митко Андреевски, претседател на партиската комисија за енергетика. Човек фирма, без имот и средства, регистрирана во куќа на неговата сопруга ги добива тендерите на ‘Струмица гас’. Скандал без преседан. Типичен за аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата тендерска мрежа за испумпување на парите на граѓаните за лично богатење“, стои во соопштението.

Митко Андреевски, сопственик на фирмата „Си-ен-џи“, вчера ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, побара извинување за изнесените лаги, а во спротивно најави кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...