fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

-

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски.

– Правната инфериорност и немањето докази доведоа до нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи, во која специјалните обвинителки наместо да го водат случајот, решија да го блокираат. Ваквото недолично однесување и непочит на Јанева и на Фетаи и, конечно, на СЈО кон судот во Република Македонија е уште едно парче во мозаикот во кој се добива целата слика на Специјалното јавно обвинителство – изјави членот на ВМРО-ДПМНЕ и заменик-министер за образование и наука во оставка, Спиро Ристовски.

Заканите на Јанева и на Фетаи до судијката Татјана Михајлова, Ристовски вели дека се идентични на заканите на Зоран Заев за целосен реизбор на судиите.

Тој рече дека СЈО не процесирало ниту еден случај против член на СДСМ и дека служи „за заплашување на сите што му стојат на патот на Заев или се двоумат во извршувањето на неговите антидржавни и криминални наредби“.

– СЈО не се бори против криминалот, туку се бори исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ, рамо до рамо со аболираниот криминалец Зоран Заев. Јанева и Фетаи со ароганцијата и со хистеријата не можат да ја покријат ниту сопствената нестручност, ниту работењето под директни инструкции на СДСМ – заклучи Ристовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...