fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски нема легитимитет да зборува за фер доделување земјиште

-

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година поднесе измени на законот за доделување земјоделско земјиште, по пат на електронско јавно надавање, за фер и транспарентно доделување на земјоделското земјиште во државна сопственост за комерцијални намени, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Во соопштението се додава дека СДСМ преку иницијативата за ревизија на договорите за доделување државно земјоделско земјиште, се пресметува со земјоделците кои не се под негова контрола.

„Николовски нема никаков легитимитет и кредибилитет да зборува за фер и за правично доделување земјоделско земјиште и за воведување нови постапки, бидејќи пред извесен период се објави оглас за земјоделско земјиште, потпишан од истиот министер, а според критериуми утврдени со закон што го донесе претходната влада. Доколку имало какви било проблеми со процедурите и со постапките, истиот со владата од СДС ќе иницираше промени во законот, за подобрување на постапките и на процедурите“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...