fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски да објасни за овоштарникот на Јанева

-

Љупчо Николовски сериозно му конкурира со своите лаги на некрунисаниот крал на лагите, аболираниот мултимилионер Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„Очигледно Љупчо Николовски добил партиска задача да глуми и квазиексперт за слобода на медиуми. Кога веќе решил да излегува на прес-конференции и да се бламира со куп лаги и со манипулации, Николовски требаше да излезе и на јавноста да ѝ ја каже вистината. Залудно се обидува да го сокрие работењето на медиумите како „Телма“ и „24 Вести“ или порталите финансирани од Сорос кои им отстапуваат најмногу простор на тезите и на ставовите на СДСМ“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Николовски да објасни и за „овоштарникот“ на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Бидејќи на земјоделскиот експерт Љупчо Николовски му избегала информацијата за скандалот со овоштарникот на Катица Јанева, очекуваме дека медиумскиот експерт Љупчо Николовски ќе може да го објасни овој еклатантен пример на медиумска неизбалансираност“, стои во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...