„За ВМРО-ДПМНЕ изборите завршија на 11 декември, ние сме победници и ќе формираме влада“, информираше партијата вечерва во кратко соопштение по завршувањето на прегласувањето во општина Теарце на избирачкото место 2011.
„Денеска и ние, како и целата јавност, дознавме дека и покрај сите напори, теарчани го спречиле обидот за постизборен инженеринг. Им честитаме за тоа. Како победници на изборите, остануваме посветени на идните чекори околу формирање нова влада. Воедно остануваме на нашите ставови искажани во изјавата од 11 декември кога беа сумирани изборните резултати“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.