fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме единствената партија што го осуди објавувањето на некролозите

-

ВМРО-ДПМНЕ остро ги осудува манипулациите објавени во текстот на порталот „Мета“ со наслов  „Дали странците треба да се загрижени кога ВМРО им се заканува“, објавен на 23 декември 2016 година, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод објавениот текст на новинската агенција „Мета“.

– Наводите во текстот се груби манипулации со кои некој сака да создаде погрешна претстава во јавноста. Напоменуваме дека ВМРО-ДПМНЕ е единствена политичка партија во земјава која ги осуди ширењето и објавувањето на некролозите со меѓународните претставници во земјава, чин кој не го стори ниту една друга политичка партија. Дополнително, обидот да се поврзе ВМРО-ДПМНЕ со нападот на американската амбасада во Скопје во 1999 година, претставува обид да се демонизира ВМРО-ДПМНЕ со настани со кои нема апсолутно никаква врска, а тоа претставува крајно безобразен чин на манипулативно информирање на јавноста – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...