!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седницата за избор на јавен обвинител


       
Скопје, 15 декември, 2017 - 12:31 (META) 

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на денешните три собраниски седници меѓу кои е и седницата за избор на нов државен јавен обвинител, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

– Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија – вели Лашкоска.

Таа потенцираше дека пратеничката група редовно има активности и средби со амбасадорите на кои што ги информираат за актуелната политичка ситуација и додаде дека и понатака ќе продолжат со ваквите активности.