fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема да собира потписи за поддршка на Груевски пред конгресот

-

Во некои општински комитети се собираат потписи за поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, неофицијално дознава „Мета“.

Според нашите извори од партијата, во Штип се потпишувале видни и истакнати партиски личности, а од битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ велат дека потписите ставени за „Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ се и потписи за поддршка на Груевски.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не станува збор за некаква организирана акција затоа што тие се „стабилна партија со партиско членство кое е вклучено во сите активности на партијата“.

– Нема такво нешто затоа што нема потреба. Од народните собири се гледа дека претседателот на партијата има голема поддршка и затоа собирањето потписи би било крајно непотребно – ни изјави Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ велат дека потписите ставени за „Граѓанското движење за одбрана на Македонија“ се и потписи за поддршка на премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ, Никола Груевски.

Токму на овој начин владејачката партија во Битола го мери расположението на членството по „бомбите“ на Заев, тврдат за „Мета“ извори од партијата во Битола.

Официјално од општинскиот комитет велат дека тоа се потписи што ги собира граѓанската иницијатива, а не партијата, но сепак се доказ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, ја ужива поддршката кај своето членство во Битола.

– Ние, како партија, не собираме потписи за поддршка, тоа не ни е потребно. На народниот собир во Битола се виде дека лидерот Груевски ја има целосната подрршка од членството – вели Благој Шаклевски, портпарол на општинскиот комитет во Битола.

Поранешниот претседател на Сојузот на студенти на УКИМ, Самоил Малчески, тврди дека Никола Груевски веќе не е легитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи неговиот мандат истекол на 6 март.

Според „Вистиномер“, изјавата која Малчески ја даде во емисијата „Патот кон“ на телевизија „Алсат-М“ е точна и вистинита, што значи дека актуелниот претседател на владејачката партија раководи со партијата без мандат даден од највисокото тело, а тоа е конгресот. Малчески во изјавата се повика на членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој се определува мандатот на претседателот.

„Значи, статутарно, член 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, во ставот два, вели дека мандатот на претседателот е четири години. Ако Вие мандатот сте го добиле на 5 март 2011 година, тогаш Ви истекува на 5 март 2015 година“, изјави Малчески.

Членовите на партијата од Битола овие денови ќе ги разгледуваат списоците за избор на делегати на конгресот и, како што велат извори од партијата, ќе се избираат проверени и сигурни кадри.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ во Битола го чека и новиот локален лидер. Во трка за оваа партиска фотелја се неколкумина кои „веќе биле на интервју во седиштето на партијата“ во Скопје. Како сериозни кандидати да го заменат актуелниот претседател на партијата, пратеникот Зоран Илиоски, се споменуваат имињата на партиските кадри Кире Печалев, актуелен директор на една од гимназиите во Битола, Пеце Милевски, советник во Општина Битола, како и портпаролот на партијата, Благој Шаклевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...