fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за јазици, смета дека е спротивен на Уставот

-

Вчерашниот предлог-закон за двојазична Македонија од Зоран Заев се коси со Уставот на Република Македонија, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не може и не смее да го поддржи законот што е „спротивен на Уставот“. Милошоски појасни дека тоа што „кукавички“ е направено е тоа што на овој предлог-закон за двојазична Македонија е ставено европско знаменце.

– Тоа е злоупотреба на европското знаменце за закон кој нема врска со усогласувањето на македонското со европското законодавство. Ова е направено заради тоа за законот да може да се расправа во Собранието само три дена. Брзањето на Заев и на Шекеринска, овој закон за двојазична Македонија да го донесат во Собранието, значи дека и самите се свесни колку е штетен и колку народот е незадоволен и понижен затоа што беше излажан – рече Милошоски.

Тој нагласи дека на народот никој не му кажа пред изборите дека ќе се носи закон за двојазична Македонија.

– Долго време предупредувавме дека Заев е марионета што не ги штити македонските национални интереси, туку истите ги распродава преку тиранската палтформа, преку Договорот со Софија, а сè со цел да се искупи од кривичните дела што ги направил. Кредитот го плаќа Македонија. Нашите национални интереси се дадени на распродажба за да се заштити желбата на господинот Заев, неговата алчност, лакомост и амбиција да остане премиер на марионетска влада – изјави Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...