fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на Договорот, му порача Груевски на Борисов

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и бугарскиот премиер Бојко Борисов разговараа за односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и за заедничката посветеност за унапредување на добрососедските односи во сферите од заеднички интерес, како и за интеграцијата на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакнал дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочување на пријателството со Бугарија, за економски развој и за подобра соработка помеѓу македонскиот и бугарскиот народ.

„Во однос на Договорот за добрососедство, пријателство и за соработка, претседателот Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во однос на оваа тема има принципиелни, долгогодишни и аргументирани ставови, чија основна идеја беше постигнување договор во кој нема да има чувство на победник и поразен и кој ќе ја реализира идејата за вистинско и рамноправно пријателство и соработка помеѓу двете држави и народи. Тој го извести својот соговорник дека во согласност со ставот на централниот комитет на партијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на договорот што го потпиша марионетската влада на Зоран Заев, а за кој ВМРО-ДПМНЕ имаше конструктивни и суштински забелешки и предлози за негово подобрување“, стои во соопштението.

Груевски и Борисов ја истакнале значајноста и потребата од што побрза интеграција на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија, како приоритет кој ќе обезбеди трајна стабилизација на регионот и ќе обезбеди услови за дополнителен економски развој.

Соговорниците, исто така, разговарале и за соработката во областа на Европската народна партија, каде што членуваат и двете партии, ВМРО-ДПМНЕ И ГЕРБ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...