fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не подготвува одговор на граѓанскиот марш, ама спрема партиски собир

-

ВМРО-ДПМНЕ засега не планира марш или собир на отворено кој би бил реакција на тој што вчера го направи СДСМ во Скопје. Сепак, членови од партијата на власт велат дека најавен им е собир в недела (16 октомври) во затворен простор во Скопје, на кој, евентуално, би се промовирала програмата и новиот слоган на партијата.

– Тоа би значело почеток на кампањата за предвремените парламентарни избори, при што, меѓу другото, ќе се манифестира и бројноста и поддршка на граѓаните и на членството кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се планира да се направи во наредните две недели или симболично во предвечерјето на празникот 23 Октомври. Евентуалното одложување на собирот ќе зависи од распуштањето на парламентот. Ако денеска се распуштеше парламентот, датумот ќе беше прецизиран – вели нашиот извор, кој е на висока позиција во владејачката партија.

Дали ВМРО-ДПМНЕ подготвува некаков собир прашавме и во центарот за комуникации на партијата.

– За секоја одлука ќе бидете навремено известени – беше лаконскиот одговор на Иво Котевски, директор на центарот за комуникаци на владејачката партија.

Вчера, СДСМ во соработка со невладините организации организираше граѓански марш, кој почна во 14 часот, во близина на новите простории на Специјалното јавно обвинителство на улицата Франклин Рузвелт. Оттаму неколкуте илјади граѓани, движејќи се по двете коловозни ленти на булеварот Партизански одреди, придружувани од звуци на тапани и револуционерни песни, пристигнаа пред Собранието на Република Македонија, каде говореа повеќе опозициски партиски активисти и припадници на невладиниот сектор, како и уметници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...