fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не коментира, на СДСМ им е драго што Јанева почнала со работа

-

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, вели дека им е драго што и покрај сите опструкции, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, почнала да работи.

– Сите бевме свесни за опструкциите што ѝ се правеа на специјалната јавна обвинителка, само за да се одложи почетокот на работата. Драго ни е што таа смогна сили и што и покрај сè почна да ги работи предметите кои се во нејзина надлежност – вели Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, сметаат дека не е работа на партиите да ја коментираат работата на специјалната јавна обвинителка и затоа нема да имаат никаква реакција.

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека предметите против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, премиерот Никола Груевски, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, и случајот „Пуч“ се првите кои специјалната обвинителка, Катица Јанева, ги побарала од Јавното обвинителство и за кои ќе почне истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...