fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Наследниците на Сојузот на комунисти се луксузираат на државен имот

-

Наследниците на поранешниот Сојуз на комунисти се луксузираат на државен имот, додека илјадници граѓани секојдневно се борат да обезбедат покрив над глава, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за имотот на владејачката партија.

Во него, исто така, се додава дека „малку им било на СДСМ што исфрлиле 200.000 луѓе на улица, туку имале потреба да украдат државен имот за своите партиски потреби“.

„Најпрво претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на претседателот на владата Бранко Црвенковски му го отстапил објектот во кој денес е Владата, а е некогашно седиште на Сојузот на комунисти – исто така граден со народни пари, а присвоен од идолите на Црвенковски, Заев и од другите функционери на СДСМ. Воодушевен од овој галантен потег на Црвенковски, претседателот на владата Бранко Црвенковски на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, благодарно му подарил имот на улицата Павел Шатев, имот на кој денес се наоѓа седиштето на СДСМ, а кој претходно му припаѓал на Министерството за образование“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...