fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Народот знае колку тежи зборот на Зоран Заев

-

„Криминалецот Зоран Заев од една страна го лаже народот дека ќе застане во заштита на националните интереси, а од друга страна не се откажува од реализирањето на тиранската платформа“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„При вчерашната прес-конференција неговиот коалиционен партнер Зијадин Села изјави дека ниту потпишал, ниту има намера да потпише или почитува гаранција побарана од Претседателот Иванов. За Села откажувањето од тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца. Зоран Заев ќе мора да избере дали ќе остане на гаранцијата дадена пред претседателот Иванов и граѓаните и ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз Албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне во реализација на ветувањата дадени пред лидерите на албанските партии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека народот знае колку тежи зборот на Зоран Заев и дека на криминалци како него не може да им се верува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...