!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ВМРО-ДПМНЕ: Народот не молчи и бара нови предвремени парламентарни избори


       
Скопје, 20 април, 2017 - 9:55 (META) 

Доколку СДС не се плашеше од гласот на македонските граѓани, веќе ќе почнуваше кампањата за предвремените парламентарни и локални избори, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7 или на 14 мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза. Наместо храбра и државничка политика, криминалецот Заев одбра да се спасува од кривична одговорност и да ги прифаќа сите уцени. СДС одбра да молчи бидејќи фактурата што треба да ја исплатат е голема, а сакаат да ја исплатат преку продавање на националните и државни интереси“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ молчи, но народот не молчи и бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДСМ како се сака Македонија.