fbpx

ВМРО-ДПМНЕ најде да зборува за малата Тамара во Собранието?

-

На пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, во еден момент посочувајќи дека СДСМ ветувал влада со 20 министри, а прави кабинет со 26, му излета „плус шест плати и автомобили ќе значат дека шест нови македонски Тамари не ќе може да се лекуваат“, што предизвика бурна реакција од пратениците на мнозинството.

Горан Мисовски, Милена Ѓорѓиева и Павле Богоевски реагираа гневно и со неверување дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ говори за малата Тамара, која почина чекајќи државата да ѝ одобри средства за лекување во странство. Тие посочија дека токму најодговорниот за смртта на Тамара, Никола Тодоров, им избега дури и од пратеничката група.

Имено, завчера поранешниот министер за здравство Никола Тодоров даде оставка на пратеничката функција. Од него, кога случајот на Тамара беше актуелен, се бараше да си поднесе оставка, а беа организирани и протести.

Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на ’рбетот, почина во февруари 2015 година. Битката  со надлежните институции траеше цели три месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...