fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните институции да ги санкционираат напаѓачите на екипата на „А1он“

-

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го осуди нападот на екипата на интернет-порталот „А1он“ за време на протестот „За заедничка Македонија“ и истакна дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и за случувања.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој немил настан, исто како што претходно го осуди нападот на новинарската екипа на МРТ на митинг на СДСМ, нападите врз новинарите Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, Дејан Николовски, Ивона Талевска, заканите по живот за новинарите на порталот „Курир“, демолирањето на РСМ и слични инциденти кои ги предизвикуваа членови, активисти и симпатизери на СДСМ“, стои во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го решат случајот и да ги санкционираат поединците што го предизвикале овој инцидент.

„Трагично е што СДСМ дури и кога се случуваат вакви инциденти, мора да лаже и да ги злоупотребува. Нападите врз медиумите и врз новинарите беа заштитен потпис токму на хулиганите на СДСМ и на Сорос кои демолираа медиуми. СДСМ треба да собере сили и да ги отфрли уцените кои внесуваат тензии меѓу граѓаните и носат ризик за дестабилизација на земјата. СДСМ треба да престане да оди спротивно на државните и на националните интереси. СДСМ треба да види дека народот се буди и не прифаќа платформи од Тирана и редефинирање на државата. СДСМ треба да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ја добие нашата поддршка само да се откаже од антидржавната агенда“, се наведува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...