fbpx

ВМРО-ДПМНЕ манипулира, сите амандмани се архивирани од службите, велат од Собранието

-

Собранието денеска ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и пишувањата на дел од електронските медиуми за наводно фрлени амандмани на Законот за употреба на јазиците, поднесени од пратениците на опозициската партија.

„Според утврдената фактичка состојба, наводите изнесени на денешната и синоќешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манипулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието. Како законодавен дом апелираме до политичките субјекти да се воздржат од шпекулации и да не ја дезинформираат јавноста, затоа што тоа штети на угледот на Собранието и на тековните реформски процеси“, стои во соопштението на Собранието.

Од законодавниот дом велат дека сите поднесени амандмани за Законот за употреба на јазиците се уредно примени во собраниската архива, поголем дел од нив се архивирани, обработени и ставени во е-парламент.

„Со оглед на големиот број на поднесени амандмани Службата на Собранието уредно постапува во рамките на своите задолженија и во текот на денешниот ден, сè до целосно завршување на процесот. По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива. Амандманите прикажани во јавноста се копии од амандмани кои се уредно внесени во процедура и се веќе објавени на е-парламент, со што се достапни на сите 120 пратеници и на јавноста“, стои во соопштението и се додава дека во врска со ова прашање Собранието е отворено за увид.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција во партиското седиште обвини дека „некој од собраниските служби“ вчера фрлил амандмани на ВМРО-ДПМНЕ поднесени во врска со Законот за употрена на јазиците и побара истрага од надлежните институции за откривање и санкционирање на одговорните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...