fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Коѕиас не придонесува за надминување на спорот за името

-

„Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт. Само поради непринципиелната блокада од страна на Грција, Македонија не е членка на НАТО“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, кој уште еднаш повтори дека грчката влада не отстапува од ставот за името и дека нема да потклекне на притисоци.

Од партијата додаваат дека изјавите на шефот на грчката дипломатија, во кои се повторуваат црвените линии на Грција, не одат во прилог на добрососедските односи.

„Со изјавата дека Македонија ќе може да стане членка на НАТО дури откако ќе се реши проблемот што Грција го има со нашето име, Коѕиас не придонесува за надминување на проблемот. Напоменувањето дека Грција нема да потклекне под притисоците за зачленување на Република Македонија во НАТО под привремената референца може да доведе до дополнително закопување на двете страни во сопствените ровови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата му порачуваат на премиерот Зоран Заев „Македонија што побргу да стане членка на ЕУ и на НАТО, но притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се склучуваат договoри на штета на македонскиот народ и држава“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Според извештајот на Обединетите нации, климатските промени веројатно ќе донесат ризици по безбедноста и здравјето на повеќе од 70 отсто од светската работна сила, пренесе германската новинска агенција ДПА. Меѓународната...