fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Колку и да се труди, Манчевски нема да најде 180 илјади административци

-

Колку и да се труди, Дамјан Манчевски не може да најде 180 илјади или некој друг имагинарен број на вработени во јавната администрација со кој упорно ја манипулира јавноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација.

Според опозициската партија прес-конференцијата на Манчевски е скандалозна бидејќи тој отворено кажува дека не го почитува и нема намера да го почитува Изборниот законик.

„Судејќи по изјавата на Манчевски и доставениот број на вработени, може да се заклучи дека наместо да ја повтори утврдената процедура, која бара сериозен ангажман, на ДИК и доставил нецелосен список на вработени, во кој според објавената бројка од 115.729 вработени очигледно недостасуваат десетина илјади вработени. За да имаме веродостоен список на вработени од кој ќе се формираат комисиите за локалните избори, Манчевски мора да седне и да си ја заврши работата. Ако не знае како, не е срамота да праша, наш предлог е да го праша Александар Кирацовски од СДСМ кој активно учествуваше во подготовката на списокот за изборите во декември, минатата година, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...