fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира работата на Собранието

-

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието и на собраниските тела поради притворот на пратеници, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски кои се во истражниот затвор „Шутка“, како и пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, кои се во куќен притвор.

– Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот – соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски одговарајќи на прашање дали ќе учествуваат на утрешната расправа за законот за јазици.

Манојловски рече дека според нивни неофицијални податоци, пратеникот Мукоски веќе една недела штрајкува со глад во затворот во „Шутка“ и оти му е влошена здравствената состојба. Тој додаде дека за кршењето на човековите права на лицата засегнати во настаните од 27 април ги информирале претставниците на меѓународната заедница.

Шесте пратеници се дел од 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...