fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промовира кандидатите и изборните листи во „Метрополис арена“

-

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ја предводи Коалицијата за подобра Македонија, денеска попладне во „Метрополис арена“ на Скопскиот саем ќе ги промовира листите на кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 11 декември, дознава „Мета“.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија локација, но сè уште се чека официјална потврда за времето на одржување на настанот.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа, на околу еден час пред истекот на рокот, ги достави пратеничките листи до ДИК, а лидерот на партијата, Никола Груевски, преку својата официјална страница на „Фејсбук“ обелодени дека изборната битка ќе ја води во четвртата изборна единица, каде што е и лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

„Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014 го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра четвртата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во четворката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. По сè што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што ѝ го направи на Македонија“, напиша Груевски на „Фејсбук“.

Коалицијата за подобра Македонија синоќа ги соопшти имињата на носителите на пратеничките листи, но не откри кој сè се наоѓа на листите. Имињата на другите кандидати од листите ќе бидат денеска соопштени.

Засега е познато дека Никола Попоски ќе ја води листата во првата изборна единица, Никола Тодоров во втората, Илија Димовски во третата, Антонио Милошоски во петтата и Влатко Ѓорчев во шестата единица. Во седмата изборна единица, односно дијаспората, носител на листата ќе биде Рамазам Мифтароски од Венеција, по потекло од Могорче, Дебарско.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...