fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева и СЈО политички конструираат случаи без основа

-

Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство се претворија во карикатура, заради понизноста во извршувањето на политичките нарачки, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СЈО, на која беа објавени три нови истраги – за поништувањето на пописот во 2011 година, за две дела за Антонио Милошоски и за договорот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица со грчката фирма „Актор“.

Опозициската партија вели дека Јанева и СЈО „продолжуваат политички да конструираат случаи без никаква правна основа“ и порачува дека за закони што биле изгласани во Собранието и за договор што бил потпишан од амбасадорот на ЕУ во Скопје.

„Јавноста мора да биде дефокусирана од целиот хаос што се случува во државата. Затоа се отвораат случаи за договори потпишани од Амбасадорот на ЕУ во Скопје или закони изгласани во Собранието. Јасно е дека Зоран Заев и СДСМ се исплашени од реакциите на јавноста во врска со насилничкото носење на законот за двојазичност и срамното лицитирање со националните интереси во преговорите со соседна Република Грција. Во ситуација кога економијата е пред колапс, а владата на Заев е целосно неспособна да ги испорача ветувањата со кои ги манипулираа граѓаните, сосем е очекувано повторно да се активира СЈО чиј мандат за отворање истраги и обвиненија истече уште во јуни минатата година“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...