fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е новиот Петре Шилегов и срам за правната фела

-

Катица Јанева е новиот Петре Шилегов. Со последната скандалозна изјава дадена во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје се промовираше во најверен поданик на аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој лаже и клевети, давајќи политички изјави и квалификации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека СЈО не гони обични криминалци, туку криминална група во врвот на власта.

Во соопштението се вели дека „Катица Јанева е срам за правната фела.“

– Веќе нема дилеми дека таа не работи по закон, непристрасно и професионално. Катица Јанева е продолжена рака на СДСМ. Катица Јанева нема никаков професионален интегритет и кредибилитет. Затоа поддршката што ја има не оди подалеку од Бихаќка и од штабовите на СДСМ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неа исто така се додава дека „ако Катица Јанева навистина гонеше криминал, нејзиниот наредбодател Зоран Заев одамна ќе беше во затвор.“

– Катица Јанева има нарачка и цел да го оцрни и ослаби ВМРО-ДПМНЕ, како партија која секогаш застанувала на браникот на државните и национални интереси. Истата цел ја имале многумина пред неа и не успеале. Нема да успее ниту Катица Јанева – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...