fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Каде беа до сега „реформаторите“?

-

Откако десетина членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа на прес-конференција и побараа реформи за демократизација на партијата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со одговор, обвинувајќи ги „реформаторите“ дека не се искрени и излегуваат во јавност само поради личниот интерес и загубата на приходите што им се заканува.

Таканаречениот „Републички штаб за внатрешна демократизација во ВМРО-ДПМНЕ“, во чие име зборуваше Александар Михајловски, денеска на прес-конференција упати повик за демократизација на партијата. Тие го повикаа членството да се приклучи на иницијативата, а упатија и повик кон исклучените членови да се вратат назад. Според Михајловски, иницијативата не е никаков обид за разнебитување на партијата туку ќе се обиде да работи на недостигот од демократски капацитет во неа.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше со соопштение во кое ги обвини „реформаторите“ дека досега добро го искористиле членството во партијата и земале одлични месечни паушали, па не им текнувало за демократизација.

„Лага во функција на туѓ интерес е дека статутот на ВМРО-ДПМНЕ е недемократски. Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот според кој самопрогласените реформатори биле бирани во минатото на позиции во комисии и општински штабови во партијата, а некои од нив истите ги извршуваат до ден денес. 

Причините за незадоволството на оваа мала група се чисто лукративни, а не демократски. Затоа, повикот за „реформи“ не дојде ни после победите во 2006, 2008, 2011 или 2014 година, туку токму сега кога дел од нив се соочуваат со веројатна промена од работните позиции на кои се наоѓаат и прекин на месечниот паушал кој го примаат, поради промената на власта во Македонија“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

По прес конференцијата на „реформаторите“ на својот Фејсбук-профил се огласи и Антонијо Милошоски, кој го нападна Михајловски, прашувајќи го зошто не побарал демократизација на партијата  во „добрите“ времиња.

„Еден адвокат, во добрите времиња во 2013, 2014, 2015-та година како партиски правен застапник на куп државни претпријатија си правел околу 300.000 евра годишен приход и си молчел, нит спомнал реформи, ни режим, се му било демократски; членовите не ги гледал, сите функционери ги фалел, а посебно лидерот..!“, напиша Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...