fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева без причина побара продолжување на притворот на Талески

-

„Од чист политички реваншизам, само за да се задоволат деструктивните нагони на Зоран Заев и на криминалците околу него, Катица Јанева без никаква причина побара на Владимир Талески да му биде продолжен притворот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната одлука на Кривичниот суд да му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник за 30 дена.

Од владејачката партија велат дека не постои каква било вина кај градоначаникот Талески и дека тој во изминатите 30 дена не се обидел да избега или да влијае на истрагата.

„Во ваквото однесување на Катица Јанева нема правда. Има само политички мотивирана пресметка со неистомислениците на Зоран Заев. За оваа неправда и за политичкиот прогон кој го гледаме, некој ќе сноси законска одговорност. Сега, кога патот до изборите е чист и кога просторот за ново бегство на СДСМ е многу мал, паниката кај Заев и кај Катица Јанева е сè поголема. Јасно им е дека единствената алатка во кампањата на СДСМ е партиското настапување на специјалното обвинителство, која е целосно неуспешна и не поминува кај граѓаните“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...