fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ја носи светлината што ѝ треба на Македонија, порача Груевски од Делчево

-

В недела нема да се гласа само за градоначалници и за советници, туку ќе се одлучува за тоа каква ќе биде Македонија по 15 октомври, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на партијата и на Коалицијата за подобра Македонија во Делчево.

– Каква држава ќе имаме и по кој пат ќе се движиме, вие ја носите конечната одлука, вие го имате последниот збор. Изборот е очигледен, тие (СДСМ) се занимаваат со обвинувања, клеветења, црна пропаганда, а ние говориме за решенија и за проекти, за она што ќе се направи. Тие говорат за воздух, ветер и магла, а ние зборуваме за програма со конкретни рокови и со план на реализација – рече Груевски.

Тој истакна дека 15 октомври е одговорот на „помрачувањето што го донесе СДСМ и кое силно се чувствува во Македонија“, а дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи „светлината која ѝ е потребна на Македонија“.

– На 15 октомври пуштете ја светлината. Светлината ќе ја донесете вие, народот на Македонија. Во ваши раце е одлуката, ќе одберете светлина која ѝ е потребна на нашата земја. Светлината ќе ја донесат земјоделците кои се обесправени, работниците чии плати се намалуваат, невработените чии шанси за работа постојано се намалуваат, лекарите кои сè уште не добија зголемување на платите, младите, просветните работници чии часови ќе ги кратат – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски, како дел од проектите, најави и дека во сите општини во кои ќе победат кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија ќе се изврши еднократен отпис на достасани долгови за вода и за ѓубрарина за граѓаните од социјално загрозени семејства.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг во Берово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...