fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата откако не помина законот за зголемување на пензиите

-

Собраниското мнозинство на денешната пленарна седница го отфрли предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за донесување закон за зголемување на пензиите за 5 отсто од 1 јануари следната година.

По ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, во знак на револт, ја напуштија салата.

Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на опозициската партија, рече дека на претседателот на Собранието, Талат Џафери, му даваат 15 минути време да обезбеди кворум во салата со пратениците на мнозинството, по што народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во салата, а доколку не се обезбеди мнозинство, јавноста ќе може да се увери како Собранието ги носи одлуките.

Спикерот Џафери ги повика координаторите на пратеничките групи на партиите од мнозинството да ги повикаат пратениците во салата, а потоа даде пауза од 10 минути.

На денешната седница, со 64 гласа „за“ пратениците го поддржаа предлогот во процедура по скратена постапка да влезат измените на Изборниот законик, со кои Движењето Беса треба да добие член во Државната изборна комисија, како политичка партија од опозицијата со втор најголем број освоени пратенички места на последните парламентарни избори.

Инаку, на дневен ред на денешната седница се и интерпелациите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и за надворешни работи, Љупчо Николовски, Мила Царовска и Никола Димитров.

Седницата продолжува во 12.30 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...