fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Избирачкиот список е чист, ДИК да го увери и СДСМ

-

ВМРО-ДПМНЕ ја повика Државната изборна комисија да изврши дополнителни активности за прочистување на избирачкиот список за да го увери СДСМ дека списокот е веќе прочистен.

„ВМРО-ДПМНЕ прифаќа секаков предлог и методологија што што ќе ја побараат членовите на СДСМ во ДИК. Ние знаеме дека избирачкиот список е чист. Тоа го знае и СДСМ, но не сака јавно да го признае. Затоа измислуваат разни бројки на спорни гласачи со кои се обидоа да манипулираат, но всушност потврдија дека сите изборни порази на СДСМ во изминативе 10 години се само заради тоа што народот не ја прифаќа нивната деструктивна, антидржавна политика“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека во однос на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за воведување цензура и санкции врз новинарите за искажан сопствен став или мислење.

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да предложи решение од која било земја членка на ЕУ во однос на регулација на медиумите. Најголемиот дел од пакетот за медиумите е веќе договорен и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го поддржи. Секое неприфаќање на предлозите од страна на СДСМ е уште еден доказ дека аболираниот криминалец Заев се плаши од соочување со граѓаните на избори и дека единствена намера на СДСМ е да се влезе во Влада без никаков легитимитет“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...